-2 C
Скопје

ВИДЕО | Станковиќ: Целта на биткоин е да биде т.н дигитално злато – Народна банка да чува дел од своите резерви во биткоини

Аналитичките куќи од Волстрит предвидуваат дека цената на биткоин до крајот на идната година може да се покачи на 300.000 долари. Тоа се добри вести за оние кои успеале да набават биткоин кога неговата вредност беше помала од 5.000 долари.

Предвидувањето доаѓа откако биткоин само во последниот месец ја зголеми вредноста од 10.000 на 18.000 долари. Криптовалутата моментално ја има најголемата вредност од 2017 година досега, кога вредеше 20.000 долари, пред да почне да паѓа наредните неколку години.

Освен на биткоинот, расте вреднoста и на другите криптовалути, и тоа за 10%-25% во текот на изминатата недела. Во извештајот, наречен „Биткоин: златото на 21 век“ (‘Bitcoin: The 21st Century Gold’), се вели: „Постоењето на биткоин се карактеризира со незамисливи подеми проследени со болни корекции (така се одржува долгорочен тренд)“.

Прочитајте и...  Почна најмасовната вакцинација против ковид-19 на планетава

Вредноста на биткоин се очекува да го достигне максимумот во декември 2021 година, кога ќе се искачи на 318.000 долари.

Гостин во Утрински брифинг беше Стефан Станковиќ, м-р по деловно право, специјалист за крипто/блокчеин валути.

-Во Македонија има една мала крипто-заедница, но многу активна. Сепак кај нас има многу низок интерес за крипто – валутите, додека во светот има една вистинска финансиска револуција, вели Станковиќ.

Вредноста на крипто-валутите не е врзана како декретните валути кои имаат стабилна вредност. Тие имаат пазарна вредност – односно тоа зависи од моменталната побарувачка. Постојат разни криптоменувачници кои дозволуваат македонски граѓани да се зачленат.

Во крипто-светот велиме дека сам си своја банка – односно тие се чуваат во т.н дигитални паричници, кои се криптогравски обезбедени и максимално сигурни. Безбедноста е огромна – протоколот на биткоин ниту еднаш не е хакиран или било како безбедносно загрозен. Во моментов побарувачката е многу голема и тоа се должи на институционални играчи на пазарот. Се повеќе фондови, индивидуалци, компании купуваат биткјоини и ги чуваат на своите сметки, изјави во Утрински брифинг Стефан Станковиќ

Прочитајте и...  Денеска се празнува споменот на последниот од Пророците

Говорејќи за тоа дали пазарот кде што може да се користи криптовалутата се шири, Станковиќ вели дека тоа е така, но и дека тоа не е поентата.

Биткоинот претендира да биде стожерна вредност а не медиум за размена на вредност. Биткоинот може да го гледате поблиску до златото отколку до декретните валути. Целта на биткоин е да биде т.н дигитално злато. Треба да има ограничен број кој никогаш нема да се промени. Сите фундаментални карактеристики на биткоин алудираат на тоа дека истиот би требало да се користи како стожерна вредност, вели Станковиќ.

Поврзани вести

ВИДЕО I Поранешен агент на ШИК открива нечуени детали за припадникот на косовската полиција, Фадил Сулевиќ, кој вчера беше пронајден мртов во близина на Приштина: Еве што знаеше и кој се плашеше …

И.И.

ФОТО | „Доста беше“: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ роденденски ја запроси девојката Сања

СП.

Среќа во несреќа: Нема повредени патници на ЈСП во сообраќајката кај Шумарски факултет

Слободен печат

Изградба и обнова на основни училишта со 328 милиони денари, за средните 19,7 милиони

Слободен печат

Филипче: Тие што прележале засега не треба да се вакцинираат

И.И.

Владата повторно ќе дава субвенции, овој пат 52 милиони денари ќе бидат поделени за енергетско ефикасни прозорци и сончеви колектори

И.И.

Остави Коментар