Драган Бејлогрлиќ и Александар Шулц/Фото: Принтскрин/Тикток

ВИДЕО | Српски тиктокер го испровоцира Драган Бјелогрлиќ, актерот остро му го оттурна телефонот

Во кафуле во центарот на Белград, вчера се случил инцидент во кој актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ со удар му го оттурнал мобилниот телефон на тиктокерот Александар Шулц, познат под прекарот Лепи. Како што објавија повеќе регионални медиуми, Шулц претходно го прозивал Бјелогрлиќ и го снимал без негова согласност.

Според очевидци, Шулц влегол во локалот и започнал да му поставува прашања на актерот. Бјелогрлиќ на почетокот љубезно му одговарал, без веднаш да сфати за кого станува збор. Кога го препознал, нагло станал и извикал: „А, ти си овој“, по што го удрил по раката, при што телефонот му паднал на подот. Шулц, кој е студент на Факултетот за технички науки во Нови Сад, продолжил да го снима настанот, дофрлајќи дека актерот е нервозен.

Снимката од оваа ситуација брзо се прошири на социјалните мрежи.

@nisvesti Dragan Bjelogrlić napao tiktokera u kafiću 🎬 Glumac i reditelj Dragan Bjelogrlić našao se u centru incidenta nakon što je, prema snimku objavljenom na društvenim mrežama, pokušao da otme telefon tiktokeru Aleksandru Šulcu, poznatijem kao Lepi. 📱 Kako se vidi na videu, tiktoker mu je prišao i obratio mu se, nakon čega se Bjelogrlić okrenuo, ustao sa stolice i pokušao da mu uzme telefon iz ruke, ali u tome nije uspeo i vratio se na svoje mesto. 🗣️ Tiktoker je snimak objavio na mrežama, a incident se dogodio u jednom kafiću pred drugim gostima. ⚖️ Podsetimo, Bjelogrlić je ranije bio osuđen zbog incidenta iz 2021. godine u hotelu „Ambasador“ u Nišu, kada je fizički napao reditelja Predraga Antonijevića. #nisvesti #srbija #vesti #viral #politika ♬ original sound – vestinis


Инцидентот се случува во период кога Бјелогрлиќ веќе има правосилна пресуда од Вишиот суд во Белград. На 21 ноември минатата година тој беше осуден на условна казна затвор од шест месеци поради напад врз режисерот Предраг Антонијевиќ во хотелот „Амбасадор“ во Ниш во 2021 година.

Од друга страна, Александар Шулц во јавноста важи за провокатор кој, според критичарите, дејствува со поддршка од Српската напредна странка (СНС). Тој се поврзува со низа инциденти насочени кон критичари на власта и на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Еден од посериозните случаи се случил во општината Кула за време на предизборна кампања, кога Шулц, предводејќи група лица со бели маски, со црвена боја ги полевал членовите на листата „Млади Кула“. Неговиот идентитет бил откриен кога присутни граѓани успеале да му ја симнат маската за време на турканица. Неформалната мрежа „Академски пленум“ тогаш соопшти дека е тешко да се поверува оти станува збор за самостојна иницијатива.

Во јавноста се споменува и неговото вознемирување на Дијана Хрка, мајка на млад човек кој загина при пад на настрешница во Нови Сад, за време на протест пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС).

Шулц често се појавува на јавни собири во придружба на лице кое го снима, а го крие својот идентитет. Додека провоцира присутни граѓани, создава ситуации што подоцна се користат како материјал во провладини таблоиди.

Во еден случај во Нови Сад, по негова провокација беа уапсени тројца земјоделци кои учествувале на протест. Подоцна Шулц се појави пред судот со патерици, тврдејќи дека му се слошило, но дел од граѓаните тоа го оценија како однапред осмислен настап.

Покрај вербални напади, забележани се и физички инциденти. Во еден од нив, автопревозникот Миломир Јаќимовиќ тврди дека му скршил заб во неговиот двор. За време на неговиот штрајк со глад поради одземени автобуси, Шулц се појавил пред зградата на Покраинската влада со кеса намирници и играчка-автобус, со што, според присутните, сакал да го исмее.

Исто така, повеќепати биле пријавени случаи во кои Шулц го попречувал работењето на новинарските екипи на телевизиите Н1 и „Инсајдер“, физички им го блокирал просторот и упатувал навреди кон новинарите, додека полицијата, според сведочења, не реагирала.

И покрај бројните пријави и јавно достапните снимки од инцидентите, досега не се преземени конкретни мерки против него од страна на надлежните институции.

ВИДЕО | Драган Бјелогрлиќ: Српските актери од „Свадба“ се забранети во Србија, затоа заминавме во Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот