ВИДЕО | Србите и светската јавност шокирани по навредите од холивудската ѕвезда: Во Србија немаат ништо уникатно-српско бидејќи „постојат“ само 13 години

Instagram
Instagram

Американската ѕвезда, актерката Елизабет Олсен, една од сестрите Олсен, даде интервју за емисијата „Keeping Secrets“, во кое, меѓу другото, зборуваше и за снимањето на филм во Република Србија. Во една од изјавите таа кажа дека „нема причина некој да ја посетува Србија“, како и дека „немаат ништо уникатно – српско во Србија, бидејќи тие „постојат“ само тринаесет години“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tatjana (@angel.tatjana)

„Всушност, нема ништо уникатно – српско, бидејќи тие се самостојна земја само околу тринаесет години. Тие немаат ништо свое, само присвојувале од оние кои некогаш ја окупирале нивната земја во одреден период“, изјави актерката во емисијата, истакнувајќи дека „нема причина некој да дојде и да ја посети Србија“.

Актерката снимала во Србија неколку месеци и била слободна само во неделите, зборувајќи како само тогаш имала можност да ја запознае земјата и културата на нашите соседи.


„Интересно место. Снимавме таму 6 дена во неделата и имавме само еден слободен ден“, вели таа.

Презентерите се смееја на нејзината изјава, но притоа истакнаа дека „милиони Срби ја гледаат нивната емисија“ поздравувајќи ги своите гледачи.

Некои корисници на социјалните мрежи се најдоа навредени од овој наратив на познатата актерка, а како што велат – „таа ја навредила нивната земја и нивниот народ“.

Навредливите коментари за Елизабет Олсен подоцна се проширија на социјалната мрежа Твитер, а притоа и излезе уштe едно видео каде актерката повторно го навредува српскиот народ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот