ВИДЕО | Срамни сцени во САД: Навивачи фрлаат играчки за возрасни на натпреварите во женската НБА лига
Необични и крајно несоодветни сцени ја погодија женската НБА-лига, откако на неколку натпревари од трибините беа фрлани играчки за возрасни, што предизвика голема реакција во јавноста.
Препорачано
Првиот ваков инцидент беше регистриран на мечот помеѓу Атланта и Голден стејт, кога навивач од публиката фрли предмет кој предизвика неверување и подигна многу прашања за безбедноста на теренот. Само три дена подоцна, речиси идентична ситуација се случи на дуелот помеѓу Чикаго и повторно Голден стејт.
Последниот и досега најсериозен случај се случи во Лос Анџелес, на натпреварот меѓу домашниот тим и Индијана. На крајот од втората четвртина, играчката Софи Канингем беше погодена од фрлена играчка за возрасни, што дополнително ја вознемири атмосферата.
Лигата се соочува со предизвик како да стави крај на овие несериозни и неприфатливи постапки, а се очекува челниците да преземат конкретни мерки за заштита на спортистките и достоинството на натпреварите.
They responded by actually throwing a green dildo at Sophie Cunningham.
Insane pic.twitter.com/RfOFUzYqRK https://t.co/h19FCZ0UIP|
— Hater Report (@HaterReport_) August 6, 2025


