ВИДЕО: Спектаклот на богатите  му припадна на Сити, анонимус го спаси Милан

Дуелот на богатите му припадна на Манчестер сити/ фото: EPA-EFE/Peter Powell

Големото дерби во групната фаза во Лигата на шампионите му припадна на Манчестер сити кој со 2:1 го совлада ПСЖ во петтото коло и со тоа му се реваншира за поразот од 0:2 во второто коло.

Со победата над големиот ривал, Манчестер сити го обезбеди првото место во групата А бидејќи на едно коло до крајот на групната фаза има 12 бода, четири повеќе од ПСЖ.

Резултатот го отвори Килијан Мбапе со голот во 50 минута, но „граѓаните“ преку Рахим Стерлинг  во 63 и Габриел Жесус во 76 минута постигнаа два гола и дојдоа до победата.


Реал Мадрид му се реваншира на Шериф Тираспол за поразот во Мадрид и како гостин славеше со 0:3 и го „однесе“ Интер во нокаут-фазата.
„Кралевите“ поведоа во 30 минута со голот на Давид Алаба од слободен удар, а во финишот од првиот дел Тони Крос зголеми на 0:2.
Победата ја завери Карим Бензема во 55 минута и го искачи својот тим на првото место на табелата со 12 бода, два повеќе од Интер.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе во игра во 59 минута, откако неговиот Шериф веќе губеше со 0:3.


Фудбалерите на Милан славеа на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 0:1 и се замеша во трката за освојување на второто место на табелата во групата Б. Стрелец на единствениот гол беше Месиас кој во првиот допир со топката како играч на Милан постигна гол во 87 минута.
Ливерпул пак дојде и до петтата победа во петтиот натпревар во ЛШ откако со 2:0 го совлада Порто.

Резултати:

Група А
Манчестер сити – ПСЖ 2:1
Бриж – Лајпциг 0:5
Табела: Манчестер сити 12, ПСЖ 8, Лајпциг 4, Бриж 3.

Група Б
Ливерпул – Порто 2:0
Атлетико М. – Милан 0:1
Табела: Ливерпул 15, Порто 5, Милан 4, Атлетико Мадрид 4.

Група Ц
Бешикташ – Ајакс 1:2
Спортинг – Борусија Д. 3:1
Табела: Ајакс 15, Спортинг 9, Борусија 6, Бешикташ 0.

Група Д
Интер – Шахтјор 2:0
Шериф – Реал М 0:3
Табела: Реал М. 12, Интер 10, Шериф 6, Шахтјор 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот