Фото: EPA/Ricci Gianluca

ВИДЕО | Спектакл за крај, првакот Интер во меч со шест гола ремизираше против Болоња

Фудбалерите на Интер и Болоња во саботата одиграа нерешено со конечен резултат 3:3 во рамките од последното 38 коло од италијанскиот шампионат.

Интер одамна го обезбеди Скудетото и стана италијански шампион на почетокот на мај кога ја победија Парма во 35 коло.

Екипата на Болоња останува без Европа следната сезона откако заврши на осмото место на табелата.

Интер поведе во 22 минута преку Димарко, само за Болоња да израмни само три минути подоцна кога Бернандески постигна гол.

Побега го сврти резултатот во 42 минута и Болоња поведе со 2:1 кон крајот на првото полувреме.

Пјотр Зиелински направи грешка во 48 минута и си постигна автогол за резултат од 3:1 за Болоња.

Сепак, шампионот не се предаде. Прво Еспозито го намали резултатот на 3:2 во 64 минута, а Диуф го постави конечниот епилог во 86 минута од средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот