ВИДЕО: Спасен повреден планинар од Осоговските планини со помош на полициските Тигри и хеликоптер

Спасувачки тим од САЕ Тигар и Хеликоптерската единица на МВР спаси повреден планинар на Осоговските планини/Фото: МВР

Денеска околу 17 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар успешно спроведоа спасувачка акција на Осоговските планини, откако во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи.

Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот