ВИДЕО: Советот на Општина Тетово прогласи тридневна жалост

Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи тридневна жалост во градот, од 9 до 11 септември. Советниците им оддадоа почит на сите кои ги загубија животите во пожарот што вчера избувна во тетовската модуларна болница / Фото: МИА

Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи тридневна жалост во градот, од 9 до 11 септември. Советниците им оддадоа почит на сите кои ги загубија животите во пожарот што вчера избувна во тетовската модуларна болница.

ФОТО+ВИДЕО: Тетово сѐ уште мириса на чад, на местото на трагедијата засилено полициско обезбедување

Изразувам најдлабоко сочувство до сите семејства имајќи во предвид дека во оваа трагедија сите изгубивме браќа, сестри, комшии, сограѓани. Така што, како што сте веќе информирани, се одржа седница на Советот. Објавени се три дена жалост и исто така додека ќе добиеме официјалните информации од надлежните институции ќе информираме. По состанокот кој беше одржан со присуство на сите институции синоќа се договоривме сите информации да бидат точни и проверени. Јас сум во постојан контакт сум со сите институции кои треба да ја завршат својата работа. Во секој момент кога ќе добијам потврдени и официјални информации истите ќе ги споделам со вас, изјави градоначалничката Теута Арифи.

За луѓето кои се преживеани во пожарот Арифи рече дека се во добра состојба, но, нема бројка за колку лица станува збор.

– Во мометов тие се во стабилна состојба. Во меѓувреме ќе одржам повторно состанок на кој дополнително ќе бидеме информирани, рече таа.

На новинарско прашање дали било се во ред при технички прием на модуларната болница и дали пожарот се поврзува со обидот за сечење на цевки за кислород, градоначалничката немаше информации.

Значи, тоа е едно прашање кое има своја логика, но во оваа фаза не треба да се шпекулира. Имајќи ја предвид тежината ситуација сите ние треба да се пазиме од информации кои би ја отежнале состојбата. Институциите целосно длабински треба да го разрешат случајот и нормално да ги најдат причини зошто е дојдено до ова, изјави Теута Арифи.

Тетовската градоначалничка рече многу луѓе се јавиле да понудат помош и изрази благодарност до сите пријатели во за тоа.

Извор: МИА

ОЈО: Обдукција на 14 починати, продолжува увидот по пожарот во модуларната болница во Тетово
Доктор Александар Станков: Обдукциите на 14-те починати од модуларната болница ќе бидат завршени денеска
Роднина успеал да спаси свој близок од пожарот во Тетово
Грчките медиуми за пожарот во модуларната болница во Тетово: Трагедија во Северна Македонија
Вучиќ: Србија е спремна да ѝ даде братска помош на Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот