ВИДЕО| Скандал во Минхен: Навивачите на „Лацио“ го слават Мусолини и фашистите

foto: schreenshoot, „X“, Skandal vo Minhen pred natprevarot Baern Minhen, Lacio

Вжештена е атмосферата во Минхен пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Лацио, а голем број навивачи од Рим пристигнаа во Баварија да го бодрат својот клуб на Алијанц Арената.

Како и обично, познатиот паб „Hofbräu“ е едно од главните места за собирање на навивачите кои доаѓаат во Минхен, а истото беше и со навивачите на Лацио.

Оваа пивница е позната и по тоа што Адолф Хитлер овде држел значајни говори пред создавањето на нацистичка Германија, а докази за тоа и денес се зачувани во пивницата.

Ова очигледно беше од особен интерес за Лацијалите, бидејќи се знае дека тие се радикални и десно ориентирани и дека многу од нив се му се восхитуваат на Бенито Мусолини.

Тие го искористиле тоа што биле во оваа позната „Хитлерова пивница“, па пееја песна во која се велича „Дуче“ (Мусолини), а снимката што се појави ја згрози јавноста ширум Европа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот