ВИДЕО | СКАНДАЛ: Новинарските екипи на „Слободен печат“ и на „Утрински брифинг“ исфрлени од јавната расправа за легализација на канабисот

Јавна расправа за Законот за контрола на опојните дроги/Фото: Бојан Анѓелков

Медиумите и граѓанскиот сектор беа оневозможени да следат настан кој на социјалните мрежи беше најавен како Јавна расправа за законот за легализација на канабис. Настанот беше најавен точно на пладне во амфитеатар на Медицинскиот факултет, но организаторките одбија да ја почнат расправата додека не излезат екипите на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“.

Несогласувањето прво почна со невладините организаци кои се уште одбиваат да ја напуштат салата, а потоа продолжи со медиумските претставници на кои им беше кажано дека ќе сносат последици доколку продолжат да снимаат. Откако бевме замолени од страна на производителите на канабис да го напуштиме амфитеатарот за да може да се одржи расправата, излеговме, а претставниците на невладините организации и понатаму одбиваат да ја напуштат салата.

Во неколку наврати организаторите им се обратија на медиумските претставници со закана дека ќе сносат последици доколку излезат снимки или фотографии од “јавната расправа”. Организаторката дури и телефонски повикуваше обезбедување.

На ваквиот скандалозен однос на организаторките реагираше и адвокатот и активист Јанаки Митровски кој исто така е во салата и одбива да ја напушти.

Во овој момент во амфитеатарот во организација на Министерството за здравство на медицински факултет се одржува наводно јавна расправа а всушност приватна забава за Законот за контрола на опојни дроги на кој се обидуваат да не избркаат мене, браќата Масларковски и Филип Достовски со образложение дека не било јавна расправа туку затворен состанок. Ние не си одиме и еве не почнуваат дур не си отидеме, напиша Митровски на фејсбук.

Од Министерството за здравство, иако состанокот беше најавен како јавна расправа, реагираат дека расправата всушност била работен состанок меѓу претставници на Министерството и производителите на канабис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот