ВИДЕО | Синот на Вучиќ со факелијада му го честиташе роденденот на својот татко

Фото Инстаграм принтскрин

Данило Вучиќ, синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, со факелијада му го честиташе 53-от роденден на својот татко во белградско Ушче, пренесуваат српските медиуми.

Како што пишуваат медиумите од Србија, тој заедно со младите од Српската напредна странка запалил повеќе од 200 факели во чест на роденденот на неговиот татко.

Тоа видео на својата објава го сподели потпретседателката на српското Собрание и членка на Претседателството на СНС, Сандра Божиќ.

„Во Катар е речиси полноќ. Наутро одиме на состаноци во 7 часот и сакам да се одморам и добро да се подготвам. Меѓутоа, овие прекрасни дами, бидејќи не бев особено дружељубив, ми донесоа торта за мојот 53. роденден. Ви благодарам што сте тука 10 години и благодарам на сите што нема да успеам да им одговорам следниот ден. Верувам дека и овде во Катар ќе завршиме добра работа за нашата Србија! Да живее Србија“, напиша Вучиќ на својот инстаграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот