Фото: EPA/ALEX PLAVEVSKI

ВИДЕО | Синер во финалето во Ријад го совлада Алкараз и освои шест милиони долари

Италијанскиот тенисер Јаник Синер во финалниот меч на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ во Ријад, Саудиска Арабија, триумфираше против Карлос Алкараз од Шпанија со 2:0 во сетови 6:2 и 6:4.

Синер го освои турнирот со најголем награден фонд во историјата и шест милиони долари.

Се очекуваше многу повеќе драма во финалето, повеќе возбуда, но Италијанецот покажа дека е веројатно во најдобра форма од сите во моментов. Оваа година тој однесе дома награда од дури шест милиони долари. Сите играчи добија 1,5 милион долари за учество, а титулата носи уште 4,5 милиони долари, што е повеќе од сите грен слем турнири.

Алкараз немаше шанси против расположениот Синер, впрочем, статистиката го покажува тоа, а публиката не го доби спектаклот на кој се надеваше.

Доволно е да се видат основните податоци и начинот на кој Синер го одигра овој меч. Тој не се соочи со ниту една брејк-топка, додека Алкараз, од друга страна, спаси седум од 10 брејк шанси. Да не го стореше тоа, резултатот веројатно ќе беше уште поубедлив.

Интересно е што овој мечеви нема да се смета во официјалната статистика, бидејќи егзибициските турнири не се сметаат за официјални мечеви. Значи, резултатот ќе остане 10:5 во корист на Алкараз во меѓусебните дуели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот