ВИДЕО | Симпатичен инцидент на чешкиот претседател: Несакајќи му ја турна капата на војник среде манифестација

Чешкиот претседател несакајќи му ја турна капата на војник среде манифестација / Фото Твитер

Чешкиот претседател Петр Павел му ја турна капата на војник, случајно удирајќи го со јарбол за време на комеморативната манифестација во Прага, пренесува Би-Би-Си.

Војникот останал мирен, без никаква реакција. Тој не се обиде да ја земе капата, продолжувајќи ја стандардната процедура на манифестацијата.

Претседателот Павел подоцна му се извини на офицерот на Икс, порано познат како Твитер: „Сигурно не беше обид да се додаде нов елемент во стандардната воена процедура. Едноставно ја потценив тежината“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот