Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Симболот на Загреб оди во историјата – почна уривањето на „Вјесник“

Еден од најпрепознатливите симболи на Загреб почна да исчезнува, откако започна нова фаза од уривањето на комплексот „Вјесник“, по пожарот што ја уништи зградата во ноември, пренесе хрварскиот портал Дневно.

Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот на Хрватска соопшти дека се отстрануваат северните конзоли до седмиот кат, со цел да се растовари конструкцијата и да се овозможи пристап за машините.

Потоа ќе започне целосното уривање на облакодерот.

Облакодерот, висок 67 метри и со 16 ката, се наоѓаше на раскрсницата на Савска цеста и Славонска авенија.

Изграден е во 1972 година, според проект на архитектот Антун Улрих и своевремено важел за еден од најмодерните во Европа.

Во седиштето на весникот „Вјесник“ имаше редакции, канцеларии, печатница и дистрибутивен центар.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Eлен се влета и се заби во возач на скутер сред Загреб

ФОТО+ВИДЕО | Дворот на Николина Пишек уништен поради невремето во Загреб: Водителката ги предупреди граѓаните…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот