ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Eлен се влета и се заби во возач на скутер сред Загреб
Млад елен предизвикал необична ситуација во сообраќајот на Загреб, откако ненадејно претрчал преку улицата и се судрил со скутер, при што возачот паднал, објави „Вечерњи лист“.
Препорачано
Видеото го снимил возач кој се движел од центарот кон северниот дел од градот. Од левата страна на коловозот има ограден шумски појас, по кој еленот се движел долж оградата, повремено запирајќи и враќајќи се, како да бара начин да се врати во шумата.
По неколку обиди, животното ја преминало улицата и продолжило покрај десната лента. Возачот што снимал ја намалил брзината и го следел на безбедна дистанца, без да го вознемирува.
Кога еленот повторно застанал и ја подигнал главата, автомобилот запрел. Во тој момент од спротивниот правец пристигнал скутер. Животното кратко го набљудувало, а потоа нагло тргнало кон другата страна од коловозот, при што дошло до директен судир. Возачот на скутерот паднал, а паднал и еленот. Снимката завршува токму во моментот на падот.
Од Полициската управа во Загреб информирале дека настанот се случил вчера околу 9:30 часот и бил евидентиран како сообраќаен настан, а не како сообраќајна несреќа, бидејќи возачот не претрпел повреди. Причинета е материјална штета, а еленот по судирот се исправил и се оддалечил од местото.


