ВИДЕО: Силен земјотрес во Авганистан и Пакистан – се уриваат згради, луѓето панично бегаат

Фото: Твитер

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Авганистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, предизвикувајќи силни потреси низ целата земја.Земјотресот е регистриран во областа Хиндукуш, на длабочина од 186 километри.

Силни потреси го погодија и Пакистан каде на социјалните мрежи се објавуваат видеа од уривање на згради, потресни снимки како тие од Турција.

Во погодените делови од Авганистан луѓето ги напуштаат домовите и се излезени на улица.

Потреси беа почуствувани дури и во Индија, каде граѓаните на главниот град Њу Делхи излегоа на улица.

Граѓаните на Њу Делхи панично ги напуштаат домовите.

Засега официјални податоци за жртви и повредени нема, но според споделените видеа се очекуваат црни статистики.

Земјотресот е почуствуван и во Киргистан, Туркменистан и Узбекистан.

Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча се турка на север во Евроазиската плоча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот