ВИДЕО: Шведска од пенал до прва победа на Евро 2020

epa09283026 Robin Quaison (R) of Sweden in action against Slovakia's goalkeeper Martin Dubravka (L) during the UEFA EURO 2020 group E preliminary round soccer match between Sweden and Slovakia in St.Petersburg, Russia, 18 June 2021. EPA-EFE/Dmitry Lovetsky / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Првиот натпревар до второто коло во групата Е помеѓу Шведска и Словачка донесе голема борба и само еден гол. Шведска славеше со минимални 1:0 на натпреварот кој се играше во Санкт Петербург со што дојде до првата победа на ЕП откако во првото коло ги издржа налетите на Шпанија. Од друга страна, Словачка го доживеа првиот пораз откако во првиот натпревар ја изнедија Полска со 2:1.

Второто полувреме беше далеку поквалитетно и во кое имаше неколку шанси на двете репрезентации, а во него беше постигнат и единствениот гол.
Првата голема шанса ја имаше Словачка, Ондреј Дуда шутираше над голот на Олсен, а одличната интервенција на шведскиот голман во 58 минута беше причина зошто не беше отворен резултатот. По нафрлената топка највисок во скокот беше Јурај Куцка чиј шут со одлична интервенција го одбрани Олсен.
Следниот напад се закани и Шведска преку Аугустинсон но неговиот шут го одбрани Дубравка.
Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 76 минута кога Кваизон им избега на дефанзивците на Словачка и излезе сам пред Дубравка кој го фаулираше по што судијата немаше дилеми и досуди пенал. Одговорноста ја презеде Форсберг кој беше прецизен ѝ и ја донесе првата победа на Шведска.


 

Видео на денот