Фото: Screenshot

ВИДЕО: Шошкиќ со одлично деби во НЦАА лигата, беше најдобар на теренот

Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ на импресивен начин го започна својот настап во американската НЦАА лига. По летното заминување од Работнички, младиот плејмејкер се пресели во САД, каде што од оваа сезона го брани дресот на Универзитетот Стони Брук.

Новата сезона стартуваше ноќеска, а Стони Брук запиша победа над Фармингдејл Стејт со 66-59. Главен човек на теренот беше токму Шошкиќ, кој одигра одличен натпревар и беше најзаслужен за успехот на својот тим.

Во 26 минути игра, тој постигна 20 поени,  најмногу од сите кошаркари на натпреварот со исклучително ефикасен шут 7/10 од поле и 2/4 од линијата за три поени. Покрај тоа, запиша четири скока, една асистенција, две украдени топки и само една изгубена топка, со што ги доби сите пофални зборови од стручниот штаб и медиумите.

Стони Брук ќе ја продолжи сезоната на 8 ноември, кога ќе му гостува на Универзитетот Мејн.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот