ВИДЕО | Шницли од карфиол по рецепт на Гордон Ремзи, тајната е во сосот

Фото: Flickr

Познатиот англиски готвач Гордон Ремзи е познат по одличните рецепти, а неговите ресторани се наградени со дури 17 Мишелин ѕвезди. Неговиот препознатлив ресторан, ресторанот „Гордон Ремзи“ во Челзи, Лондон, има 3 Мишелин ѕвезди од 2001 година. Покрај кулинарската работа, како и телевизиските емисии, познатиот готвач има и свој канал на Јутјуб, каде што покажува како од основни намирници да ги направите најубавите јадења.
За веганите предлагаме да го пробаат овој рецепт, а во прашање се шницли од карфиол во прекрасен сос. Љубителите на карфиолот ќе бидат воодушевени од рецептот, а неговата подготовка не бара посебни кулинарски вештини.

Состојки:

– 1 карфиол
– 1 кромид
– 3-4 чешниња лук
– прстофат ким
– мирудија
– нане
– магдонос
– 50 г путер
– 1 лажица сенф
– прстофат излупени бадеми во ливчиња
– 2 лажици сок од лимон
– 1 шолја кафе вода или бујон
– 1 лажица кафеав шеќер
– 2 лажици балсамико оцет
– 1 ловоров лист
– 30-40 мл маслиново масло

Подготовка:

Карфиолот исечкајте го на шницли, а додека тоа го правите, загрејте ја тавата и додајте малку масло во неа. Во тавата ставете една шницла од карфиол, па посолете и побиберете. Исчистете го и сплескајте го лукот, а потоа додајте ги чешнињата во тавата.
По неколку минути, додајте поголемо парче путер и сипете сок од лимон. Кога ќе добие боја на долната страна, свртете го карфиолот и налејте малку вода или бујон. Кога ќе почне да врие, покријте го.

Додека карфиолот се пече, загрејте друга тава и во неа додајте прстофат ким и ливчиња бадем. Кога зачините ќе се потпечат, тргнете ги од шпоретот. Во сад измешајте го ситно исечканиот виолетов кромид, па додајте сечкан магдонос, копар и нане. Зачинете со сол и бибер, а потоа сипете сенф, балсамико и маслиново масло. Добро измешајте. Додајте кафеав шеќер, тостираните зачини (бадеми и ким) и повторно измешајте. Потоа додајте уште малку сув зачин по желба и сосот е готов.

Во карфиолот додајте уште малку путер и ловоров лист. Кога путерот ќе се растопи, неколкупати прелијте го карфиолот и исклучете го шпоретот. Карфиолот ставете го во чинија и уште неколкупати прелијте го со сосот во тавата, а потоа врз зеленчукот сипете го и сосот што сами сте го направиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот