ВИДЕО: Шкринијар и донесе победа на Словачка против Полска
Фудбалерите на Словачка на првиот натпревар на Евро 2020 со 2:1 ја совладаа Полска.
Словаците заслиужено дојдоа до победата и трите бода, им го препуштија поседот на топката на полските фудбалери кои во првото полувреме не успеја да направат ниту една шанса. Од друга страна, тие својата шанса ја чекаа преку контранападите и ја дочекаа во 19. минута. По одличниот продор од десната страна Роберт Мак шутираше во поблискиот агол на Војчех Шчешни, а голманот на Јувентус лошо се постави и си даде автогол.
До полувремето, Словачка го чуваше водството, но на стартот од вториот дел, Полска уште во првиот напад дојде до израмнување преку Линети.
И кога се очекуваше по постигнатиот гол да го зголемат притисокот, во 62. Минута останаа со играч помалку. Криховијак доби втор жолт картон што значеше исклучување, а тоа го искористи Словачка која преку Марин Шкринијар постигна гол за победа.
Во второто коло, Словачка на 18 јуни ќе игра против Шведска, додека Полска ја очекува тежок предизвик и дуел со Шпанија.