ВИДЕО: Шкендија преку продолженија до двомеч со Стеауа во квалификациите за ЛШ
Фудбалерите на Шкендија по продолженија се изборија за пласман во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите откако вечерва со 2-1 беа подобри од велшки ТНС.
Препорачано
Допатува ТНС во Скопје со ремито од 0-0 во првот натпревар, а Шкендија денеска го отвори резултатот во 18-тата минута.
Тамба се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата по една мајсторија на искусниот Бесарт Ибраими кој знаеше како да го пронајде во шенаесетникот.
Иако гостинскиот состав немаше премногу шанси, сепак по една грешка на дефанзивецот на тетовскиот клуб, Фетаи, Вилијамс во 38-та минута израмни на 1-1.
Во второто полувреме Шкендија имаше иницијатива, но без посериозни прилики, па така и по 90 минути немаше победник.
Моментот на одлука се случи во 116 минута кога Ибраими одново одигра важна улога и токму по еден негов удар од далечина топката дојде до Адеми кој ја упати во петерецот од каде што Боехам си ја погоди сопствената мрежа.
Во следното коло Шкендија ја чека потежок предизвик против романскиот ФЦСБ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
3мин
-
5мин
-
9мин
-
10мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


