ВИДЕО | Шепасти пријателчиња: Американец продал слика од Енди Ворхол за да го клонира своето куче

Фото: Скриншот, „New York Post“

Кога фризерот Роберто Ново го видел за првпат својот француски булдог пред 15 години, тоа било љубов на прво гушкање, пишува „Њујорк пост“.

Роберто му го дал името Мачито и тие двајца станале неразделни, толку многу што кога Мачито наполнил 12 години, неговиот сопственик почнал да размислува за клонирање на кучето.

Фризерот се обратил до компанија за клонирање кучиња и дал примерокот на ДНК на Мачито. Две години подоцна кучето умрело и Ново решил да продолжи со клонирањето.

Постапката чинела 50 000 долари, но Роберто ја немал таа сума, па решил да продаде слика од уметникот Енди Ворхол, којашто висела на неговиот ѕид.

„Ја немав таа сума на мојата банкарска сметка“, изјавил Роберто, но сѐ уште ја имал желбата за да си го врати своето драго шепасто пријателче, потенцирајќи дека „тие четиринаесет години со него не биле доволни“.

По некое време му се јавиле и му рекле дека процедурата е успешна. Тој сега има не едно здраво кученце француски булдог, туку четири – клонираните Мачиту, Тулула и нивните деца, кои ги нарекол Фајзер и Модерна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот