Фото: Screenshot

ВИДЕО: Шекил и Баркли се скараа во емисија поради Јокиќ

Никола Јокиќ повторно е во центарот на вниманието во НБА лигата. По одличниот настап против ЛА Клиперс, во кој постигна неверојатни 55 поени, српскиот ас доби голем комплимент од легендарниот Чарлс Баркли. Според него, Јокиќ не само што е најдобриот кошаркар на планетата во моментов, туку и главен кандидат за МВП трофејот оваа сезона.

На стартот од сезоната, букмејкерите како најголеми фаворити ги гледаа Виктор Вембањама и Лука Дончиќ, но Баркли смета дека Србинот со својата константност и доминација повторно ја презеде водечката улога. Иако Дончиќ извесен период имаше просек од 40 поени, според поранешното крило на Филаделфија и Феникс, Јокиќ игра на повисоко и постабилно ниво.

Сосема поинакво мислење има Шекил О’Нил, кој одлучи јавно да застане зад францускиот феномен Вембањама. Двајцата НБА великани влегоа во кратка, но жестока расправија во студиото додека ги анализираа најдобрите потези од лигата.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот