Северина и синот Александар / Фото: Инстаграм/Северина

ВИДЕО | Северина сподели емотивно видео со синот: Искрено, не знам како, но ќе одам до крај

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ од вчера поминува низ многу тешки моменти кога Врховниот суд донесе одлука да ѝ го одземе детето и да му го отстапи стрателството на неговиот татко Милан Поповиќ.

По поддршката која ја доби од скоро целата естрада во регионот, Северина се огласи на Инстаграм со емотивно видео со синот Александар.

„Во ова тешко време, бесценето е, како заедничка молитва, како обединето човештво, да знаеме дека има луѓе кои ми испратија илјадници и илјадници пораки од вчера. Секоја ја читам неколку пати, солзи од тага и радост беа измешани, кога чувствувам дека луѓето се секогаш тука кога се работи за неправда. Случајот на моето дете не е единствениот, ми пишуваат многу мајки, а јас се извлекувам од овој кошмар со ветување дека ќе им помогнам. Искрено, не знам како, но ако ова е мојот повик од горе, ќе одам до крај. Ви благодарам на сите за човечноста и што ми помогнавте со вашите прекрасни пораки…“, напиша таа.

После тоа објави видео од емисијата „Јутро“ во која пред неколку години на нејзина страна застана Ведрана Рудан.

“Не знам што направив за да ја заслужам нејзината љубов и заштитата што таа секогаш ми ја дава. Не се знаеме, но се сакаме. Отсекогаш сум ја сакала, бидејќи никој не можеше да и парира во разговорот. Таа ги препарира сите. Духовито… да боли. Боли нејзината слобода. Ведрана го разубавува денот. А јас сум трогната и се смеам. Само мајка ми би била ‘полоша’ од неа ?. Мајка ми ја „држам на синџир“ веќе девет години. Наместо мојата мајка, нашите мајки, зборува Ведрана. Навистина сакам дека ме сака Ведрана“, повтори таа и се заблагодари.

 

Судот во целост ѝ го одзема старателството на Северина: Ќе се борам до последната капка крв за моето дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот