ВИДЕО | „Сестрички, душички“: Емотивно видео на Маријана во Австралија
Маријана Новачевска од Австралија објави интересно видео кое го нарече „сестрички, душички“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Станува збор за две девојчиња, сестри, кои на аудицијата на новото музичко талент-шоу за деца „Музичка фабрика“ го пеат хитот на Маријана и Росана, „Признавам“. Маријана видеото го споделила од Наталија Касапова, која го нарекла „Моите девојки“.
Во жирито на шоуто се Ана Костадиновска, Димитар Андоновски и Никола Перевски-Пере од групата „Нокаут“, кои биле воодушевени од нивната изведба.
Дуото Маријана и Росана беше вистински бум на македонската естрада во 1980-тите и 1990-тите, а нивните хитови и денес ги пеат сите генерации. Близначките, иако со години живеат разделени, останале блиски и поврзани како кога биле заедно.
Маријана живее во Австралија, а Росана во Скопје. Таа самостојно ја изведе песната „Признавам“ на фестивалот „Макфест“ во Штип, кој лани одбележа јубилеј – 40 години постоење.
Близначките повторно застанаа заедно на сцена во 2023 година, кога во преполн скопски клуб ја испеаја безвременската „Признавам“, како и други нивни хитови.
Александар Митевски и Драган Спасов – Дац беа „виновници“ за нивното сценско обединување. Росана веќе неколку години соработува и повремено настапува со познатото дуо, а таа вечер првпат ѝ се придружи и нејзината сестра Маријана, која дотогаш подолго време не беше дојдена во Македонија.
ВИДЕО | Музичкото богатство на Тоде Новачевски: Евергрини кои ќе останат засекогаш!


