ВИДЕО | Сергеј Трифуновиќ: Ние сме болна нација, Кристијан Голубовиќ им е пример на децата

Сергеј Трифуновиќ и Кристијан Голубовиќ / Фото: Инстаграм/Сергеј Трифуновиќ/Кристијан Голубовиќ

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ гостуваше на босанската телевизија Фејс и го кажа својот став за трагедијата во која 13-годишно момче смртно застрела осум свои соученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

На почетокот од своето излагање, Трифуновиќ упати критика до српскиот министер за образование Бранко Ружиќ.

„Вчера министерот за образование кажа една ужасно срамна работа, односно за трагедијата ги обвини интернетот, Западот, ТикТок, Нинџа-желките и што сѐ не. А ние живееме во земја каде Кристијан Голубовиќ урла, тепа, шамара, зборува како го пукал овој, оној… и ги прикачува неговите видеа на интернет. Бранко Ружиќ вчера ја смени директорката на училиштето каде Кристијан Голубовиќ снимаше спот пред еден месец. Во оваа прилика ќе се обидам да му ја активирам интелегенцијата на Бранко Ружиќ – директорката на училиштето не го измисли Кристијан Голубовиќ. Него го измисли Жељко Митровиќ, го измисли телевизија Пинк, реалните шоуа во кои секојдневно се пропагира насилство“, рече актерот.

Тој, исто така, потенцираше и дека насилството се пропагира и преку зборовите кои политичарите си ги упатуваат еден кон друг.

„Тие се подесени за постојано да кажуваат навреди. Вклучете го вториот канал на РТС, изгледајте една собраниска седница и слушнете што изговараат тие луѓе таму. Ние сме општество на кое опасно ‘му смрдат нозете, а само ги менува чорапите’. Ние сме една опасно болна нација. И тоа, за жал, важи за сите нас од овие простори. Во Сараево беше прогласен ден на жалост, а во Загреб сѐ уште се палат свеќи. Тоа е доказ дека тие ја препознаат оваа болест како своја. Сите ние сме дел од истата болест, од тој ист речник стар 30 години во кој има Усташи, Четници, Балии… и омраза на сите можни начини“, беше брутален Трифуновиќ.

„Труење на народот“: Започната петиција за одземање на дозволите на телевизиите Пинк и Хепи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот