ВИДЕО | Сергеј со брутална рецензија за Скопје Фешн Фестивал: Моден фестивал во ходник пред вратите за евакуација?

Сергеј со критика за Скопје Фешн фестивал/Фото: Скриншот

Модниот фестивал во Скопје дојде на ред да биде прокоментиран во најновото издание на Sergej Reinvented. Како и секогаш – Сергеј е брутално искрен околу организацијата и генералниот изглед на овогодинешниот фестивал и во оваа емисија искоментира за неколку од дизајнерите кои претставија свои колекции.

Гостите на фестивалот добија свое време во емисијата – едни во Мода а други во Модни Катастрофи. И време е сите да се запрашаме – дали соодветно се облекуваме за различен вид на настани и дали е време да престане да ни биде гајле за тоа како изгледаме и треба да почнеме малку повеќе да се трудиме.

Како на Пештани на плажа, ова не е мода, вели Сергеј/Фото; Скриншот

Најдобрите моливи за очи кои можете да ги најдете кај нас беа ревидирани соодветно од Сергеј – одлично време да можете да ја освежите вашата чантичка за мејк ап за оваа пролет со одлични нови производи.

Кека фантастична – прекрасно плисирано здолниште искомбинирано за 3 пригоди. Одлични коментари за овој нов пристап на Сергеј за Кека кој дефинитивно дава инспирација за разигрување на сите комбинации кои ги правиме.

Уште една одлична емисија. Целата можете да ја погледнете тука:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот