ВИДЕО | Сергеј: Боки 13 пред Кривичен суд е единствена модна екстраваганца кај нас, достоинствен е како гроф

Сергеј за Боки: Тој е модна екстраваганца во последните 2 години/Фото: Скриншот

Коментирајќи дека во последните 2 години, за жал воопшто нема модни настани во Македонија, Сергеј констатираше со низа фотографии дека Боки 13 пред Кривичен суд е единствена модна екставаганца.

-Оди дотеран на суд, скокцан пиц-пец. Секогаш е перфектно скоцкан со сите модни детали, аксесоари, наочари, кравата, бастум па дури и со добро искомбинирана маска. Изгледа како гроф, да не ви се верува дека оди во Кривичен суд, рече Сергеј во новото издание на емисијата Sergej Reinvented.

Тој додава дека Боки има голем мерак за дотерување, што дури и дома седи дотеран.

-Тој е таков тип на човек, останува достоинствен и свој на еден уникатен начин, вели Сергеј оценувајќи дека тоа Боки пред Кривичен суд покажува и до каде Македонија стасала во модниот свет.

Сергеј: Боки е елегантен како гроф/Фото: Скриншот

Во новата емисија, Сергеј се осврна на кремите со заштитен фактор кои треба да се користат во наредниот пролетно- летен период со високи температури.

Од модните катастрофи се осврна на млада модната инфлуенсерка во обид Јанева и нејзините прошетки во Париз и Турција како туристички водич со кои се пофали на Инстаграм.

Авантурите на Јанева како фуд гуру/Фото: Скриншот

Од друга страна вистинско модно шоу беше свадбата во домот на Бекамови, на синот на Викторија и Дејвид Бекам, а Сергеј се осврна и на чевлите на модната дизајнерка Амина Муади кои се многу популарни меѓу светските ѕвезди.

Што облече Кека, и како тренди да изгледате, погледнете во новото издание на емисијата:

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот