ВИДЕО: Сензацијата од Палермо ќе одекнува уште долго

фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Македонската А репрезентација во 2022 година ја имаше најголемата победа во својата историја.

Нашите најдобри фудбалери во полуфиналето од плеј-оф турнирот за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар го елиминираа актуелниот европски шампион Италија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во Палермо триумфираа со 1:0 со погодокот на Александар Трајковски во 92 минута.

Фудбалскиот свет не може и понатаму да поверува Италијанците не обезбедија учество на Мундијалот.

Оваа победа сигурно ќе остане како една од најсензационалните победи во историјата на фудбалот. Во финалето не успеавме да ја прескокнеме и последната пречка, Португалија беше поуспешна со 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот