ВИДЕО:  Сенегал прв финалист на Африканскиот куп на нации

Сенегал со победата над Буркина Фасо обезбеди пласман во финалето на Африканскиот куп на нации/ фото: EPA-EFE/FOOTOGRAFIIA

Селекцијата на Сенегал е првиот финалист на Африканскиот куп на нации откако во полуфиналето со 3:1 ја совлада селекцијата на Буркина Фасо.

Во првото полувреме, мрежите мируваа иако и двете репрезентации имаа неколку шанси. Сенегал се закануваше преку Садио Мане и Чеик Којате, додека најопасен кај Буркина Фасо беше Хасане Банде.

Интересно е што во првиот дел, судијата два пати досуди пенал за Сенегал, но по консултација со ВАР собата ја корегираше одлуката.

Резултатот го отвори Абду Дуало со голот во 70. минута, а победата ја потврди Идриса Гај шест минути подоцна носејќи му водство од 2:0 на Сенегал.

Буркина Фасо во 82. минута намали на 2:1 преку Ибрахим Туре, но во финишот од натпреварот, Садио Мане ги остави конечните 3:1.

Сенегал во финалето ќе игра со подобриот од второто полуфинале во кое ќе се сретнат домаќинот Камерун и Египет. Дуелот на двете најтрофејни африкански репрезентации ќе се игра утре вечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот