Тепачка меѓу пратеници во аргентинскиот парламент/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Се степаа пратеници во парламентот на Аргентина

Тензиите се зголемија и ситуацијата излезе од контрола во аргентинскиот парламент за време на дебатата за скандалот со криптовалутите во средата.

Тепачката започна кога пратениците решија да разговараат за тековната истрага за скандалот поврзан со Хавиер Милеи и криптовалутата $LIBRA.

Аргентинскиот претседател ја истакна оваа криптовалута во објава на Икс на 14 февруари. Нејзината вредност вртоглаво порасна, но брзо пропадна, оставајќи ги инвеститорите со загуби од околу 250 милиони долари.

Двајца пратеници од спротивставените партии, Оскар Заго од „Movimiento de Integracion y Desarrollo“ и Лисандро Алмирон од „LLA“, почнаа да се туркаат и да викаат.

Тепачката меѓу пратениците ја прекинаа нивните колеги, а Мартин Менем, претседателот на Домот на пратеници, беше принуден предвреме да ја прекине седницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот