ВИДЕО: Се сруши руски воен авион, тројца загинати

Руски воен авион/ Фото: Архива на Слободен Печат

Рускиот воен авион „Ил-1 12В“ денеска се сруши откако се запалил десниот мотор на авионот, соопшти руската државна компанија УАК, пренесува ТАС.

„Според прелиминарна верзија на настаните, десниот мотор на авионот „Ил-1 12В“ се запалил“ соопштија од компанијата.

Тие велат дека авионот се срушил при пробен лет. Авионот во пожарот бил целосно уништен и покрај напорите за негово гаснење.

Пилотите кои управувале со авионот направиле се што можеле за да ја спречат катастрофата и да го одалечат авионот од населените места, соопштија од компанијата. Тројцата кои биле во авионот се загинати.

Авионот бил наменет за транспорт на војници, оружје и слични воени опреми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот