Фото: Freepik

ВИДЕО | Се повеќе луѓе се жалат на „пецкањето“: Еве трик како да се ослободите од електрицитетот 

Веројатно сте доживеале „пецкање“ или „електрицитет“ кога ќе допрете метален предмет или друго лице.

Овој феномен е познат како статички електрицитет, кој може да биде особено непријатен во студените зимски денови, кога поминуваме повеќе време во затворени и загреани простории.

Што го предизвикува „пецкањето“?

Според здравствениот експерт д-р Мартин Скура, статичкиот електрицитет е предизвикан од нерамнотежа на електрични полнежи на различни површини, а сето тоа е поврзано со нашите чевли, облека или сувоста на воздухот во просторијата.

Одговарајќи на прашање од Силвија Тарнер од Западен Мидлендс, во централна Англија, која беше загрижена за „електрицитетот“ кој се чувстувва при контакт со прекинувачи, чешми и радијатор, д-р Скур рече:

„Поради некоја причина создавате полнење, веројатно од вашите чевли, облека или килим, а синтетичките материјали може да го влошат проблемот. Кога два материјали се допираат и се раздвојуваат, тоа предизвикува електроните да се движат од едната до другата површина, што доведува до статички електрицитет. За да спречите тоа да се случи, можете да направите неколку работи. За почеток, зголемете ја влажноста во просторијата, бидејќи електроните се движат послободно во таква средина. Исто така, избегнувањето на синтетички материјали, како и чевли со гумен ѓон, може да помогне да се спречи статички електрицитет“.

За да ја спречите оваа појава, едноставен трик со паричка, може да помогне. Земете паричка, допрете ја на метална површина и ќе се ослободите од „наполнетите“ честички на струја, а како да го направите тоа погледнете тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот