ВИДЕО | Се појави стара снимка од раперот Диди и 15-годишниот Џастин Бибер: Во следните 48 часа тој ќе биде со мене

Фото: Принтскрин / Јутјуб

На интернет се појави стара снимка на која 40-годишниот рапер Диди вели дека во следните 48 часа 15-годишниот Џастин Бибер ќе биде кај него.

Видеото повторно стана вирално откако беше покрената истрага против раперот, кој е обвинет за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, пишува „Пејџ сикс“.

Во краткото видео, Шон „Диди“ Комбс, стои до младата поп-ѕвезда и вели: „Не можам да ви откријам што ќе правиме, но дефинитивно е сон на секој 15-годишник“.

Младиот Бибер кој стои покрај раперот само се смешка давајќи кратки коментари како „Да“ и „Тоа е лудо“.

Диди додава: „Немам законско старателство за него [Бибер], но во следните четириесет и осум часа тој е со мене и ние целосно ќе полудиме“.

Видеото сега се споделува на социјалните мрежи и загрижи многумина, опишувајќи го како морничаво.

„Интернетот не заборава“; „Како можелe родителите на Бибер да го остават сам со него? Имал само 15 години“; „Не е ни чудо што Џастин е депресивен денес“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, раперот се најде во центарот на вниманието кога неговата поранешна партнерка Каси Вентура (37) го обвини за силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и физичко малтретирање во средината на ноември 2023 година. Потоа, следеа нови обвиненија од други жени. Пред два дена вработените во Одделот за домашна безбедност на Соединетите Американски Држави ги пребарале домовите на раперот во американските градови Њујорк, Лос Анџелес и Мајами.

ФОТО | Обвинувањата се застрашувачки: Тешко вооружени агенти упаднаа во домовите на познатиот американски рапер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот