ВИДЕО: Сара Мејс плачеше во емисија во живо!

Instagram

На познатата пејачка Сара Мејс пред два дена гостуваше во тв-емисијата „Магазин“ на Сител телевизија, каде водителката Јана Серафимова ѝ подготви вистинско изненадување во живо.

Имено, во емисијата на Сара ѝ пуштија видео порака снимена од нејзината најдобра пријателка со која се немаат видено долго време.

Теа беше другарката на Сара, која таа не ја очекуваше дека ќе зборува пред камерите за неа за да ѝ го опише карактерот и да раскаже интересни заеднички моменти кои ги имале.

Сара е многу брза, но има прекрасна душа. Кога дојде во средно со црвена коса и шарени панталони, беше тешко да не ја забележиш“, кажа Теа, и додаде дека Сара најмногу може да се налути ако ѝ скинат жица од харфата.

Ова беше доволна причина познатата пејачка да се расплаче, но и да вети дека многу наскоро ќе органзираат дружба и ќе го надоместат изгубеното време.

Емотивниот момент е на 10:30 сек од видеото.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот