Арсенал - Брентфорд/Brentford FC

ВИДЕО: Само бод за Арсенал на гости кај Брентфорд

Арсенал направи чекор наназад во трката за шампионската титула во Премиер лигата, откако на гостувањето кај Брентфорд одигра 1-1 и испушти вредни бодови. Во натпревар со малку вистински возбудувања во првото полувреме, сите клучни моменти се случија по паузата.

По тврд и борбен старт на вториот дел, „топчиите“ дојдоа во водство во 61. минута. По изведен аут, топката повторно стигна до Пјеро Хинкапиe, кој центрираше прецизно, а Нони Мадуеке одлично се снајде во скок и со удар со глава ја затресе мрежата за 0-1.

Сепак, домаќините не се предадоа. Брентфорд возврати десет минути подоцна, кога Ван ден Берг асистираше до Луис-Потер, а овој рутински реализираше за израмнување на 1-1.

Во финишот натпреварот доби на интензитет. Во 88. минута Брентфорд беше на чекор до целосен пресврт, но Москера во последен момент го стигна Тијаго, кој излегуваше сам пред голот на Раја, и со одличен старт спречи сигурен погодок. Арсенал имаше голема шанса во судиското надополнување. Тимбер го проигра Мартинели во 93. минута, но бразилскиот напаѓач беше запрен од извонредната интервенција на голманот Келехер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот