Фото Твитер

ВИДЕО: Сали Бериша доби бокс на протестите во Тирана, напаѓачот претепан и приведен

Лидерот на албанските демократи Сали Бериша денеска беше нападнат за време на протестот што се одржува во Тирана, каде се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан.

31-годишен маж се издвои од толпата и го удри Бериша со тупаница во главата. Според првичните информации, активистите и симпатизери на Демократската партија го фатиле и го претепале напаѓачот, кој е пренесен во болница.

Бериша, иако беше удрен во лицето, излезе на говорницата и ги поздрави учесниците велејќи „ништо на светот нем да го порази народот и опозицијата”.

-Ништо на светот не може да нè победи нас, луѓето на опозицијата, луѓето на победата. Долу Еди Рама, долу криминалците, ќе победиме. Да живее албанската опозиција. Голема почит што сте овде денеска за да протестирате против режимот на криминалците. Ви благодарам многу.

Протестот се одржува во близина на хотелот „Дајти”, а учествува и лидерот на Партијата на слободата Илир Мета.

Демонстрантите не се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и оградата која е поставена на булеварот „Народни херои”, каде целосно е забрането движењето.

Учесниците извикуваат “Рама оди си”, „Рама мафија” а оние кои се обратија кажаа дека не се против ЕУ туку за и оти ова е начин да им ја кажат на европските лидери вистината за Албанија “заробена од мафијата предводена од Рама”.

Како во шпионски филм: Иранските хакери знаат кој е напаѓачот на Бериша и ќе објават

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот