Брод уништен од САД кој доѓал од Венецуела - Извор Х

ВИДЕО | САД погодија уште два брода во Пацификот, најмалку 5 мртви

Американската војска вчера објави дека извршила напади врз уште два моторни чамци за кои постои сомневање дека транспортираат дрога во источниот Тихи Океан, при што загинале три, односно две лица, кои ги опишала како „наркотерористи“, пренесува Ројтерс.

„Вкупно петмина наркотерористи беа убиени во овие акции – тројца на првиот брод и двајца на вториот“, соопшти Здружената команда на САД одговорна за Јужна Америка (SOUTHCOM) преку Икс, придружувајќи ја објавата со компилација од декласифицирани видеа од двата напади, во вкупно траење од 30 секунди.

Од септември, американските вооружени сили започнаа десетици вакви бомбардирања во Карибите и Пацификот, во кои најмалку 104 лица ги загубија животите – според најавите на Вашингтон – без никогаш да презентираат докази дека целните бродови биле вклучени во нелегални активности.

Експертите и ОН ја доведуваат во прашање легалноста на овие операции.

ВИДЕО | Најмалку четворица загинати во нов американски напад врз глисер во Пацификот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот