Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Роналдо не сака сребро – веднаш побегна во соблекувалната по поразот во финалето

Кристијано Роналдо повторно остана без трофеј во дресот на Ал-Наср, а по поразот во финалето на второто по ранг азиско клупско натпреварување дополнително ги изненади навивачите со својот потег по натпреварот.

Португалската ѕвезда вечерва го доживеа четвртиот последователен пораз во финале со саудискиот клуб. Во финалето Роналдо и друштвото загубија од јапонскиот тим Гамба Осака кој славеше со 1:0 во Ријад.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Дениз Хумет во 30. минута. Во продолжението Ал-Наср притискаше и се обидуваше да стигне до израмнување и продолженија, но не успеа да ја пробие одбраната на јапонскиот состав, па трофејот замина во Јапонија.

По последниот судиски свиреж, Роналдо беше снимен видно разочаран на центарот од теренот. Но, најголемо внимание привлече моментот кога неговите соиграчи тргнаа кон церемонијата за доделување медали, а тој се упати директно кон соблекувалната.

Според реакциите на социјалните мрежи, многумина сметаат дека искусниот Португалец не сакал да присуствува на доделувањето на сребрениот медал во натпреварување кое се смета за второ по квалитет во Азија.

Со овој пораз, Роналдо останува на само еден трофеј откако пристигна во Саудиска Арабија. Станува збор за титулата во Арапскиот клупски шампионат во 2023 година, турнир кој не е официјално признаен од ФИФА.

Кристијано Роналдо повторно без трофеј: Ал Наср загуби во финалето на азиската ЛШ 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот