ВИДЕО: Рома на „англиски погон“  ја прегази Аталанта

Убедлива победа на Рома во дербито/ фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Фудбалерите на Рома како гости ја декласираа Аталанта со 4:1 во рамки на 18 коло од Серија А.

Рома под водство на Жозе Мурињо, сезонава не победи на ниту еден големо дерби во Серија А, освои само еден бод против Наполи, но денеска го одигра најдобриот натпревар откако Португалецот седи на клупата ѝ ја прекина серијата на Аталанта од шест триумфи по ред.

Најзаслужни за победата беа Англичаните, Тами Абрахам кој даде два гола и Крис Смолинг кој еднаш ја затресе мрежата на Аталанта.


Триумфот го најави Абрахам уште во првата минута, а Никола Заниоло во 27 минута и донесе водство од 0:2 на Рома. Домаќините во финишот од првиот дел преку Муриел само го намалија резултатот. Смолинг во 72 минута зголеми на 1:3, а победата ја завери Абрахам со својот втор гол.

Со триумфот, Рома се искачи на петтото место на табелата со 31 бод, еден повеќе од Фиорентина, но и пет помалку од Наполи кој е четврти и има натпревар помалку. Аталанта остана на третото место со 37 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот