ВИДЕО: Родос во пламен, се евакуираат туристи
Петти ден по ред противпожарните сили на грчкиот остров Родос од воздух и копно се справуваат со огнените јазици, а шумскиот пожар сѐ уште не е ставен под контрола, јави МИА. Со бродови на крајбрежната служба по морски пат и со автобуси на копно, превентивно се евакуираат жителите и туристите од приморските областите Лардос и Киотари во источниот дел на грчкиот остров Родос.
Препорачано
People, locals and tourists, are evacuating as Rhodes island wildfires burn for a 5th consecutive day.
Today, fire is getting out of control. #Ροδος pic.twitter.com/R28nmsTHOQ— Blondie (@Nimia82076477) July 22, 2023
Преку бројот 112 за итни случаи денеска беа испратени две пораки до жителите на вкупно четири села превентивно да се евакуираат, а медиумите пишуваат дека се евакуираат и два хотели.
Според телевизијата ЕРТ, успешно биле спасени и пожарникарите заглавени во планински манастир, откако обидувајќи се да ги убедат монахињите да се евакуираат и да го напуштат манастирот ги опколиле огнените јазици и останале заглавени во подрумот.
Локалните медиуми од Родос коментираат дека источниот дел од островот е поделен на пола, со оглед на тоа што се затворени патиштата.


