Фото: EPA/ALLISON DINNER

ВИДЕО | Ривс го одигра мечот на кариерата во победата на Лејкерс

Остин Ривс ја одигра најдобрата партија во својата кариера и ги водеше кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс до победа против Сакраменто кингс (127:120) во НБА лигата.

Младиот бек се истакна со 51 поен (6/10 од три), запишувајќи и 11 скока и десет асистенции, преземајќи ја одговорноста во отсуство на првите ѕвезди на тимот, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ. Ривс доминираше во двата правци, а навивачите на Лејкерс одговараа со овации за секоја тројка што ја погоди.

Зек Лавин беше најдобар во редовите на Кингс со 32 поени, додека ДеМар Дерозан реализираше 21 поен и шест скока.

Клиперси славеа дома против Портланд со резултат 114:107, во натпревар обележан со одлични настапи на главните ѕвезди. Најдобар играч на натпреварот беше Кавај Ленард, кој постигна 30 поени (11/21 шут) со 10 скока.

Џејмс Харден додаде 20 поени (6/12) и 13 асистенции, а Дени Авдија се истакна за Портланд со 23 поени (7/16), седум скока и пет асистенции.

НБА лига, резултати:

Минесота – Индијана 114:110
Далас – Торонто 139:129
ЛА Клиперс – Портланд 114:107
Сакраменто – ЛА Лејкерс 120:127

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот