ВИДЕО | Разговор со Изет Меџити: Без компромис, ДУИ ќе биде казнета на локалните избори

Изет Меџити, ДУИ, Фото: Слободен печат/Архива

Пoтпретседателот и пратеник на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Изет Меџити во интервју за „Слободен печат“ зборува за случувањата во неговата партија. Тој зборува за несогласувањата на органоците во Скопје околу назначувањата на Артан Груби и Бујар Османи во Владата, барањето за дебата во партијата и можноста ДУИ да биде казнета на локалните избори од електоратот доколку не се најде компромис за проблемите до тогаш. Меџити, меѓу другото, во интервјуто вели дека очекува Али Ахмети правилно да ги разбере неговите забелешки и да се рефлектира сето тоа во интерес на силно враќање на ДУИ, а не да „глумат“ формално обединување.

Г-дин Меџити се шпекулира дека кон крајот на јуни може да дојде до реконструкција на Владата на инсистирање на ДУИ. Можно ли е?

Меџити: Во врска со реконструкцијата на Владата, се анализираат движењата во рамките на СДСМ, бидејќи владата се состои од неколку партнери, но главни столбови се ДУИ и СДСМ. Луѓето кои се на чело на ова партија се вклучени во извршната власт и ова го губи смислата за да има повторно назначување во Владата, бидејќи тие се веќе назначени, со исклучок на г-ѓа Лукаревска, која исто така е во важна позиција, како што е Управата за јавни приходи. Но, ова се прашања на СДСМ.

Што се однесува до ДУИ, сметам дека проблемот е малку подлабок и тука го имаме фокусот и можеме да зборуваме компетентно. Првиот проблем е што Конгресот на партијата што се одржа пред една година или повеќе, кој треба да произведе нова програма, нова визија и нови тела на партијата со четиригодишен мандат до следниот конгрес, не произвел се уште нови органи. Да почнеме од мене, и јас сум нелегитимен бидејќи не сум реизбран на местото потпреседател на ДУИ, не знам дали сум или не. Ова исто така важи и за други тела во рамките на ДУИ.

Второто прашање што се обидувам да го поставам е губењето на дебатата во рамките на ДУИ, што не е типично за ДУИ. Дури и во минатото во овие 20 години имавме проблеми и недоразбирања, но сепак седевме и дебатиравме, доаѓавме до заклучоци и одевме напред. Од ова ДУИ произлегуваше уште посилна. Сега нема дебата.

Едно од изговорите беше короната, но сега добар дел од функционерите на ДУИ се вакцинирани и повеќе го немаат овој изговор за да нема дебата во рамките на ДУИ.

И третото е прашањето за избор на кадри во извршната власт, зборувам особено за Скопје што даде една третина од гласовите во оваа победа на ДУИ, односно над 30 илјади гласови во Скопје и околината. Со голема надлежност велам дека партиските телата не беа земени предвид, телата не беа слушнати при изборот на двата кадри г-дин Груби и Османи. Тие не добија легитимитет од партиските тела. Не сега, но е потребна реконструкција, потребна е дебата, сеопфатна политика, каде што секој ќе се чувствува како дел од креирањето на политиките на ДУИ. Но, не како што е сега, синоним за сè и обид да ја идентификувате ДУИ со господинот Груби. Ако е тоа, не се согласувам и нема да се согласам.

Ова не е прашање лично или за лични интереси. Имав комуникација со него, придонесов да го приближам до ДУИ, партијата има простор за секого, но ако се обидеме да ја идентификуваме партијата со некој што вчера дојде во ДУИ, тогаш сериозно имаме проблем.

Дали имавте ветување од господинот Ахмети дека по шест месеци од формирањето на Владата ќе има промени во владиниот кабинет?

Меџити: Не би навлегувал во детали. Забелешките и критики се принципиелни. Тие не се до тој степен да се отстрани некој за да се назначува дру. Исто така, и во други медиуми реков дека побарав мандат од граѓаните да ги застапуваат во Собранието и немам никакви личени мотив или интерес за именување во извршната власт. Се обидувам тоа јавно да го кажам, да кажам во партиските органи, на претседателот она што го слушам во партиската база, на гласачот на ДУИ, на електоратот. Сето ова е да ја вратиме ДУИ таму каде што треба, е подобро и за нас да се подобруваме отколку народот да нè подобруваа.

Дали имавте ветивувања дека ќе има рекострукција на Владата?

Меџити: Имавме разговори и во оваа насока. Но, не е важно многу кога ќе биде тоа по шест или седум месеци, ќе биде ова или она. Важно е да се врати дебатата во рамките на партиските органи. Принципиелна дебата со цел да се слушне гласот на партиските структури, почнувајќи од локалните совети, ограноците до централното раководство.

Може ли овој судир во рамките на ДУИ да оди во прилог на албанската опозиција на локалните избори? На пример, можете да изгубите едно од вашите бастиони, Чаир ….

Меџити: Да претпоставиме дека Изет Меџити ќе молчи, ова не и помага на Демократската унија за интеграција, бидејќи тие нема да молчат, гласачкото тело, базата на ДУИ. Затоа е подобро за нас да се подобруваме отколку гласачите да не подобруваат. Во оваа функција е оваа дебата, во оваа функција е подигнување на проблемите и прашањата за кои зборуваме. Нема ништо лошо во тоа. Јас не тврдам дека аргументите се 100% на моја страна, но во моментот кога ќе се отвори дебатата, во моментот кога ќе се соочат аргументите, во моментот кога тишината нема да се цени, туку критичкиот глас во рамките на ДУИ ќе дојдеме до правните заклучоци, сигурно ќе има компромис, политиката препознава компромиси. Ова ќе биде во функција на уште посилно враќање на ДУИ насекаде, затоа што не мислам дека овие проблеми се само на Чаир и на Скопје, бидејќи постои тенденција ДУИ да се идентификува со Артан Груби. Дури и ако Изет Меџити молчи, електоратот на ДУИ нема да молчи. Може да молчи, но ќе не казни, ќе зборува на денот на изборите.

Дали Артан Груби ќе ги избере и кандидатите на локалните избори, исти како и државните функционери како што се зборува во политичките кругови?

Меџити: Кандидатите за локални избори не се именувања, туку бараат мандат од граѓаните. Не е толку едноставно да ставите неколку имиња во плико и да кажете дека овие ќе бидат следните градоначалници. Граѓанинот еволуираше и не гласа само за политичкиот субјект, туку гласа и за кандидатите. Овој демократски процес сигурно не можеме да го решиме преку ноќ. Извонреден придонес е и механизмот за отворена листа, кој го поддржувам, бидејќи ќе се види кој колку вреди. Прво кај граѓанинот, а потоа и во рамките на партијата. Толку многу важни тука ќе бидат анкетите од професионални агенции за да се види кој колку тежи кај граѓанинот и дали можат да бидат кандидати за победа, или свесно да влегуваат во пораз на општините. Тоа е малку покомплициран процес кој не може да се затвори во рамките на субјектот. Ние не се работи за назначувања, туку за кандидати кои треба да бидат добри со граѓанинот и потоа да и донесат победа на партијата.

Дали очекувате претседателот Ахмети да реагира на вашите барања?

Меџити: Г-дин Ахмети има долго политичко искуство, тој е наш претседател. Дури и во минатото тој докажа дека знае како да го слушне критичкиот глас, не само гласот во ДУИ. Се надевам дека ги разбирате овие забелешки, овој критички глас во рамките на ДУИ, дека крајната цел не е да се наштети, туку да се зајакне ДУИ. Мислам дека од целата оваа ситуација треба да размислиме заедно и да излеземе единствени во ставовите и дека единството треба да се заснова на принципи, програма за доброто на граѓанинот, но не и на обединување само да се каже дека сме обединети и обединување што ќе се заснова единствено на имиња на ликови или поединци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот