ВИДЕО | Рајан Рејнолдс сними реклама со првата глумица создадена со вештачка интелигенција

Тили Норвуд е првата актерка создадена со помош на вештачка интелигенција, а целта на нејзините креатори е да ја направат следната Скарлет Јохансон или Натали Портман…

Ова е Тили Норвуд. Филмаџиите ги воодушеви, глумците се побунија, а таа не е вистинска

Во новата реклама за Mint Mobile, популарниот холивудски актер Рајан Рејнолдс се најде „рамо до рамо“ со Тили и предизвика вистинска бура на интернет.

Mint Mobile, мобилниот оператор во сопственост на Рејнолдс, ја искористи Тили како симбол на новата ера на дигитална реалност во која линијата помеѓу реалното и вештачкото речиси исчезнува. Рекламата го прикажува Рејнолдс како претставува „вистински корисник на Mint Mobile“, поканувајќи ја Тили да му се придружи пред камерата.

Со карактеристичниот хумор тој ја прашува: „Вистинска си, нели?“, на што Тили вешто одговара: „Барем до некаде“.

Со изборот да застане покрај Тили, популарниот актер им го сврте грбот на многу колеги кои сметаат дека вештачки генерираната актерка е голема опасност за заедницата. Имено, тие веруваат дека креативноста е ориентирана кон човекот и треба да остане ориентирана кон него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот