ВИДЕО | Раде Богдановиќ му возврати на Пикси: Не ме познава? Нека се сети на хотелот покрај Дојранското езеро

Фото: Screenshot

Српскиот фудбалски аналитичар, Раде Богдановиќ често пати привлекува внимание во јавноста со своите коментари, а сега му одговори на српскиот селектор Драган Стојковиќ-Пикси кој претходно за него кажа дека не го познава.

Често пати Богдановиќ и претходно го критикуваше Пикси, а тие негови анализи очигледно не му се допаднале на српскиот селектор. Една од последните такви изјави беше дека Пикси не направил ништо и покрај тоа што има месечна плата од 120.000 евра, додека во Катар доживеал и дебакл.

Србија обезбеди пласман на Европското првенство, меѓутоа во квалификациите оваа селекција ги победи само Црна Гора и Литванија, па и тука Богдановиќ имаше простор да критикува.

На таквите критики Пикси кратко одговори со: „Кој е тој?“, веројатно обидувајќи се да го омаловажи Богдановиќ и неговите тези. По таквиот коментар Богдановиќ се обиде да го потсети на некои ситуации во минатото кои се поврзани и со Македонија.

„Еден месец пред да побегне од Србија, дојде во Македонија, на Дојранско езеро за да полага за профи лиценца и потоа да замине во Јапонија како тренер. Полагаше по скратена и привилегирана процедура, а јас случајно тогаш почнував да се занимавам со тренерскиот занает. Отидовме 6-7 тренери и 3-4 љубовници, бевме сместени во еден хотел покрај езерото, а Пикси доби соба токму спроти мојата.

Еден ден отиде да се тушира, а никој не му кажа дека немаме вода топла затоа што има рестрикција. Знам дека добро ме познава затоа што излезе од собата, со пена од шампон на главата и со пешкир околу половината и ме праша: Богдан, имаме ли топла вода. Јас му одговорив дека нема поради рестрикциите од 8 до 18 часот, така што знам дека добро мене познава“, раскажа Богдановиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот