ВИДЕО: Путин остана без зборови откако се соочи со својот двојник

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/ALEXANDER KAZAKOV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин се чинеше дека накратко остана без зборови кога денеска се соочи со својот двојник кој го генерирала вештачка интелигенција. Двојникот ја искористи можноста да му постави прашање на Путин за вештачката интелигенција за време на традиционалната годишна прес-конференција.

„Владимир Владимирович, здраво, јас сум студент на Државниот универзитет во Санкт Петербург. Сакам да прашам, дали е вистина дека имате многу двојници? И исто така: како гледате на опасностите што ги носат вештачката интелигенција и невронските мрежи на нашите животи“, го праша и предизвика смеа кај присутните во салата со Путин во Москва.

Прашањето кај Путин предизвика ретко двоумење, веќе во четвртиот час одговарање на прашања за време на маратонската прес-конференција.

„Гледам дека можеби личиш на мене и зборуваш со мојот глас. Но, размислував за тоа и одлучив дека само една личност мора да биде како мене и да зборува со мојот глас, а тоа ќе бидам јас“, одговори Путин.

Патем, ова е мојот прв двојник“, додаде Путин.

Инаку, последниве години, имаше шпекулации особено во западните медиуми, дека Путин има еден или повеќе двојници кои го покриваат во некои јавни настапи поради наводни здравствени проблеми. Кремљ го негираше тоа и рече дека здравјето на претседателот е одлично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот