ВИДЕО: Путин и Лукашенко пак се договараа како да се обединат Русија и Белорусија

Лукашенко и Путин за време на средбата во Сочи во мај / фото:EPA-EFE/SERGEI ILYIN/SPUTNIK/KREMLIN

Рускиот лидер Владимир Путин денеска го пречека неговиот белоруски колега и долгогодишен сојузник, Александар Лукашенко во Кремљ, а тема на нивните разговори било понатамошното обединување на Русија и Белорусија во унија, кое начелно беше договорено уште во 1999 година.

На средбата, која им претходи на големи заеднички воени вежби на армиите на двете земји, не биле потпишани нови меѓудржавни документи, а двајцата лидери се задржале на темите на економската и административната интеграција, соопшти Кремљ.

На заедничката прес-конференција по средбата, Путин изјави дека се интересирал за тоа до каде е напредокот на програмата за создавање на унијата од белоруска страна.

„Се движиме напред како цивилизирани земји, само заедно, само како унија – речиси еден единствен народ“, рече Лукашенко. Но, тој додаде дека сѐ уште нема конкретен договор, кој се очекува најрано во октомври или подоцна, откако ќе се одржат серија нови меѓувладини консултации.

Путин, од своја страна, најави нови заеми за Белорусија, земја што е во речиси целосна меѓународна изолација поради прогонот врз опозицијата и недемократското владеење на Лукашенко.

„Најпрвин мораме да ја поставиме економската подлога, пред да продолжиме по политичката патека“, изјави рускиот лидер по средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот