Фото: Твитер

ВИДЕО: Пустошат временски непогоди, поплави во Шпанија

Ураганот „Дана“ и обилните дождови предизвикаа големи поплави во Шпанија. Тројца луѓе загинаа, а двајца се водат за исчезнати. Метрото во Мадрид беше под вода, а во прекин е и железничкиот сообраќај.

Во текот на денот на социјалните мрежи се ширеа драматични видеа од цела Шпанија, а едно од највознемирувачките е од метрото во Мадрид. На социјалната мрежа Твитер (платформа Х), патниците на метрото објавиле  морничава глетка како вода се слева по вратата и навлегува во вагонот со голема брзина.

Невремето викендов ја зафати речиси целата земја, а најобилните врнежи се забележани во неделата во крајбрежните провинции Кадиз, Тарагона и Кастело, соопшти Државната метеоролошка агенција.

Денес беа испратени хеликоптери за да ги спасат луѓето кои побараа засолниште на покривите на нивните домови во централниот град Толедо, на околу 50 километри југозападно од Мадрид.

Ненадејните дождови ги претворија улиците во реки од кал, влечејќи автомобили и канти за ѓубре во областите на Мадрид, Кастиља-Ла Манча, Каталонија и Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот