ВИДЕО | ПСЖ конечно победи во Лига 1, погодуваа Меси и Рамос

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

По два порази во низа и тоа без постигнат гол против Лион (0:1) и Рен (0:2), ПСЖ вечерва конечно победи во Лига 1.

„Светците“ славеа на гостувањето кај Ница со резултат 0:2. Лионел Меси го отвори резултат по 26 минути игра и тоа беше единствениот гол во првите 45 минути. Повторно Аргентинецот одигра важна улога и при постигнувањето на вториот гол кога му асистираше на Серхио Рамос.

ПСЖ со оваа победа се враќа на шест бода предност во однос на Ленс кој со триумфот против Стразбур претходно дојде на само три бода заостанување.

Следното коло во најсилната француска лига ни го носи и натпреварот помеѓу ПСЖ и Ленс во кој ако Ленс победи може да ја направи трката за титулата поинтересна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот