ВИДЕО: Првиот автогол во кариерата на Карим Бензема

фото: EPA-EFE/STR

Францускиот напаѓач Карим Бензема го постигна првиот гол во својата професионална кариера. Тој најпрвин постигна гол во противничката, а четири минути подоцна и во својата во натпреварот од 10 коло во најдобрата фудбалска лига на Саудиска Арабија меѓу Ал-Тавон и Ал-Итихад.

Бензема изминатиот период се најде во центарот на вниманието поради наводните информации дека има поврзаност со терористичка група.

Французинот донесе водство во 22 минута за Ал-Итихад, но радоста траеше кратко бидејќи четири минути подоцна го постигна својот прв автогол во кариерата.

Несреќно ја смести топката во мрежата на неговата екипа во 26 минута и повеќе немаше голови до крајот на натпреварот, па на крајот заврши со поделба на бодовите.

Бензема оваа сезона има учинок од четири голови и две асистенции, а Кристијано Роналдо од редовите на Ал-Наср моментно е најдобар стрелец со 10 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот